Палевски за 24Ракомет: За Суперлигата ќе мора малку повеќе да се подготвиме

Тимот на Работнички славеше со убедливи 38-30 во бараж натпреварот со Прилеп и успеа да се пласира во Суперлигата следната сезона. Еден од најдобрите играчи во пролетната полусезона на тимот на Работнички беше левото крило Давор Палевски, кој имаше одличен учинок со 12 постигнати голови против прилепчани.

„Овој натпревар не беше многу тежок, иако претходно во Првата лига имавме тешки средби со најголемите конкуренти. Одигравме одлично цела сезона, пред нас се многу натпревари во Суперлигата каде заслужено се пласиравме, а за таму ќе мораме малку повеќе да се подготвиме отколку што беше тоа случај сега“, вели Палевски за 24Ракомет.