Падна големата Данска: Фантастичната Радичевиќ се погрижи за победнички старт на Црна Гора

Репрезентацијата на Црна Гора имаше победнички старт на Мундијалот во Германија, откако избраничките на Пер Јохансон се погрижија да прослават убедлив триумф над големиот ривал Данска со 24:31.

Најзаслужна за ваквиот развој на настаните беше вардарката Јованка Радичевиќ. Црна Гора го фати редот уште од стартот, поведе со 1:6, а на два пати во првиот дел имаше позитива и од 7 голови, пред да се замине на пауза со 12:17.

Во вториот дел Данска се обиде да фати приклучок, но наместо тоа Црна Гора си ја зголеми разликата на плус 10, 20:30 во 48 минута. До крајот, скандинавките само го направија поразот поподнослив за конечни 24:31.

Најдобра во Црна Гора беше Радичевиќ со 12 голови, додека поранешната вардарка Итана Грбиќ даде 6 голови. Кај Данска по 5 голови постигнаа Транборг и Григел.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

ГРУПА А

РОМАНИЈА – ПАРАГВАЈ 29:17

ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 24:25

ШПАНИЈА – АНГОЛА 28:24

ГРУПА Б

ЧЕШКА – АРГЕНТИНА 28:22

ШВЕДСКА – ПОЛСКА 30:33

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА 30:22

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ТУНИС 36:16

БРАЗИЛ – ЈАПОНИЈА  28:28

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА  24:31

ГРУПА Д

СРБИЈА – КИНА 43:23

ГЕРМАНИЈА – КАМЕРУН 28:15

ХОЛАНДИЈА – Ј. КОРЕЈА 22:24