Паднаа првите казни сезонава: Ракометар на Металург 2 ќе паузира две средби

Одигрувањето на 1. коло од Супер машката лига донесе две кази од кои едната ја доби клуб, а другата ракометар.

Две средби ќе мора да одмори членот на Металург 2, Бојан Николовски. Тој на првиот меч сезонава против Металург доби директен црвен картон, а покрај тоа и син, па после разгледувањето на изјавите на службените лица донесена е одлука тој да не може да игра за тимот на средбите против Пролет 62 и Работнички.

Казна има и за тимот на Пелистер. Овој клуб е казнет според членот 14 од Пропозициите за натпреварување, а во нив е предвидено што е потребно за навремен почеток на средбата и безбедно одигрување на истата. Имаше проблеми со паркетот во салата „Боро Чурлевски“ и средбата доцнеше 45 минути. Битолчани ќе мора да платат казна од 20.000 денари.