Павел Атман за 24Ракомет ТВ: Никаде во светот нема навивачи како во Македонија (ВИДЕО)

Ракометарот кој пред неколку сезони беше дел од екипата на Металург, а сега настапува за Хановер, Павел Атман од Битола си заминува со повреда над левото око. Докторите го оспособија настап и тој го доигра овој дуел.

Пред средбата изјавуваше дека добро знае како е да се игра во Битола, а после мечот можеше да биде задоволен од резултатот, но и од аплаузите кои тој и неговите колеги ги добија од битолската публика.

„Јас еден дел од својот живот поминав во Македонија и секогаш ми е драго кога се враќам тука. Никаде во светот нема навивачи како што има во Македонија. Тука се најдобрите фанови и затоа ми е драго што денеска бевме наградени за она што го покажавме на теренот“, изјави Атман за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава дадена за 24 Ракомет ТВ може да ја погледнете во видеото во продолжение.