Охриѓани се подготвуваат за следната сезона: Нови договори за Трајкоски, Спасовски и Адамовиќ

Во пресрет на настапот на Ф4 турнирот од Купот на Македонија, Охрид ги продолжи договорите со тројца ракометари и за следната сезона. Уште пред неколку месеци беа продолжение договорите со  Хрватите Јосип Кежиќ и Марко Кобетиќ, како и десното крило Бобан Блажески и голманот Александар Стојановски

Покрај нив, нови договори потпишаа и македонскиот репрезентативец и најдобриот поединец во тимот Благојче Трајкоски, пикерот Бојан Спасовски и српскиот интернационалец Лазар Адамовиќ, а ќе бидат стипендирани осум ракометари од младинската екипа која го освои бронзениот медал на завршниот турнир кој се одржа во Охрид.

Охрид следната сезона за првпат ќе игра во европските купови, а доби покана за учество и на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.