Охриѓани „грмат“ по судиите: Оставете ги играчите и тренерите сами да го одлучат победникот!

Ракометарите на Пелистер ја продолжија победничката серија и го совладаа тимот на Охрид со 23:21. Но гостинскиот тим не беше без шанси. На четири и пол минути до крајот на дуелот, Охрид тргна во напад за реми при резултат, 21:20 за домашните.

Нападот им беше под закана за одземање на топката поради пасивност, но тимот на Андоновски постигна гол, пред да се случи мал прекин и да настане забуна на теренот. По консултацијата на судиите Ќаеви, голот не беше признат и остана 21:20, по што домашните набрзина дадоа гол за 22:20, а потоа беше и 23:20 и веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата.

По овој натпревар на социјалните мрежи се огласи тренерот на Охрид, Горан Андоновски, кој побара од судиите да ги остават играчите и тренерите сами да го одлучуваат победникот.

Охриѓани отидоа и чекор подалеку, па револтирани од судиските одлуки, направија и видео компилација од наводните судиски грешки на нивна штета. Десниот бек Лазар Адамовиќ го постави видеото на својот You Tube канал. Погледнете…