Охрид се избори за финале во Тузла (ВИДЕО)

Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во подготвителниот период. Тие го совладаа тимот на Слобода Тузла која е организатор на турнирот со 31:30 и на тој начин се најдоа во финалето.

Во меч со тесен резултат и постојано надигрување двата тима беа постојано близу со головите и беше јасно дека ќе решава еден погодок.

Охриѓани успеаја да го добијат овој дуел со гол предност кој го имаа уште во првото полувреме, но и тоа беше сосема доволно за да може да се игра во утрешното финале во Тузла. Ова е турнир кој се игра по повод 60 години од формирањето на клубот Слобода Тузла. Со тоа охриѓани го расипаа роденденот на Слобода и ја оставија без место во финалето.

Претходно во другото полуфинале Орошази од Унгарија избори победа против Металопластика со 30:27. На тој начин Орошази ќе биде противник во утрешното финале за Охрид во натпреварот кој стартува од 18 часот.

ПОЛУФИНАЛЕ

МЕТАЛОПЛАСТИКА – ОРОШАЗИ            27:30 (12:13)

СЛОБОДА ТУЗЛА – ОХРИД        30:31 (16:17)

ПЕТОК, 23 АВГУСТ

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

15:30ч

МЕТАЛОПЛАСТИКА – СЛОБОДА ТУЗЛА

ФИНАЛЕ

18:00ч

ОХРИД – ОРОШАЗИ