Охрид второпласиран на турнирот во Тузла

Ракометарите на Охрид загубија во финалето на турнирот во Тузла од тимот на Орошази од Унгарија со 20:28 со што го освоија 2. место.

Охриѓани беа немоќни и уште во првиот дел од средбата имаа негатива од шест гола. Противникот на одмор замина со 15:9 и ова допринесе за во вториот дел да нема поголеми проблеми за да се дојде и до триумф. Момците од Охрид успеаја во вторите 30 минути да прикажат подобра партија, но не можеа да направат нешто повеќе, па на крајот мораше да се задоволат со 2. место.

Голманот Јагош Брауновиќ имаше добра партија и вчера и денеска, па на крајот го доби признанието за најдобар „чувар на мрежата“ на турнирот. Инаку, денеска најефикасен беше Блажески со шест погодоци.

Ова беше вкупно меч број 6 за ракометарите на Охрид во подготвителниот период, па полекасе крева формата за новата сезона.