ОФИЦИЈАЛНО: Стеауа е десеттиот тим во СЕХА-лигата

Најавите на 24 Ракомет дека тимот на Стеауа од Букурешт ќе биде десеттата екипа која сезонава ќе игра во СЕХА-лигата. Ракометарите на клубот од Романија првпат ќе учествуваат во ова натпреварување, па ќе биде ново искуство.

300x250

За потврда на екипата која ќе биде дел од регионалното натпреварување и ќе го затвори списокот мораше да се почека подолго од вообичаеното, но мораше прво да бидат добиени потребните гаранции за да може екипата да добие можност да игра во СЕХА.

Сега откако веќе е познато сè останува да бидат средени сите формалност и да може да се почне со завршните подготовки бидејќи за точно две недели стартува новата сезона. Романија првпат ќе учествува и ќе донесе проширување на натпреварувањето во нова земја.

Инаку во новата сезона во СЕХА ќе играат: Вардар, Металург (Македонија), ППД Загреб, Нексе (Хрватска), Војводина, Железничар (Србија), Извиѓач (БиХ), Татран Прешов (Словачка), Мешков Брест (Белорусија) и Стеауа (Романија).

Сезоната треба да почне на 28 и 29 август.