ОФИЦИЈАЛНО: Спартак Москва ја менува Татабања во СЕХА лигата!

Иако пред извесно време беа извлечени групите за новата сезона од СЕХА лигата и стана јасно кој против кого ќе ги одмери силите во првата фаза од натпреварувањето, сепак беше направена една промена.

Вардар доби нов противник и ќе го очекува едно многу подолго патување од она што беше предвидено. Наместо унгарска Татабања во регионалната конкуренција влезе рускиот тим во подем,  Спартак Москва.

На официјалниот веб-сајт на СЕХА беше објавена одлуката за промената, иако не беше соопштено името на новиот член.

„Поради големи несогласувања околу условите за учество во СЕХА лигата, Татабања нема да игра следната сезона“, се вели во соопштението.

Првото коло од регионалната конкуренција се игра на 3 и 4 септември, а македонски претставници ќе бидат Вардар и Еурофарм Работник.