ОФИЦИЈАЛНО: Ростов Дон го донесе тренерот со светско реноме за наредната сезона

Дека Ростов Дон не се шегува и е клуб со големи амбиции, потврдува и фактот што од следната сезона на тренерското столче ќе седне сегашниот предводник на Ѓер, Амброс Мартин. Она што веќе го објави 24Ракомет денес доби своја официјална потврда. Шпанскиот стручњак потпиша едногодишен договор со рускиот тим со можност за продолжување на сорабтката на уште една година.

Поранешниот шпански репрезентативец, тренерската кариера ја започна во Итхако во 2003 година, а најголемиот успех го оствари во 2009 кога го освои ЕХФ купот. На клупата на унгарскиот гигант дојде во 2012 година со кој освои три титули во Лигата на шампиони, а во 2013 беше избран за најдобар тренер во светот, благодарение на успесите со Ѓер.

Амброс на клупата на Ростов доаѓа на местото на Французинот Фредерик Бужан кој ќе го предводи рускиот тим до крајот на сезоната. За потсетување Ростов сезонава со пласманот на  Ф4 турнирот во Будимпешта го направи најголемиот успех во својата историја, а за подобрување на овој резултат ќе бараат преку македоснкиот шампион ЖРК Вардар.