Официјално: Репрезентативец на Русија една година во Вардар

Екипата на Вардар реши едно од болните места во тимот и доби квалитетен пивот од Русија, кој во минатата сезона настапуваше во Бундес лигата со екипата на Магдебург.

300x250

Глеб Калараш доаѓа како замена за двајца клучни ракометари од минатата сезона кај вардарци. Тој треба да биде замена за Мијајло Марсениќ на позицијата пивот, а воедно и за Илија Абутовиќ во играта во одбрана.

Калараш е руски репрезентативец, кој има настапи на големите натпреварувања со националниот тим. Воедно се работи за висок играч. Има 205 сантиметри и 100 килограми што практично ќе му даде голема предност во однос на противниците.

Инаку, Калараш потпиша договор на една година со тимот на Вардар.