ОФИЦИЈАЛНО: Раде Стојановиќ е нов тренер на Охрид

Како што објави 24Ракомет уште во саботата, екипата на Охрид во новата сезона ќе биде предводена од страна на поранешен репрезентативец на Македонија, кој во последната сезона со Металург 2 успеа да обезбеди пласман во Супер машката лига.

Раде Стојановиќ го презема водењето на охриѓани и во новиот шампионат ќе има тешка задача бидејќи ќе се бара место во плеј-офот. Охрид е тим кој игра стандардно во последните сезони, а беше дел и од европските купови. Стојановиќ доаѓа на местото на Горан Андоновски, а денеска ја официјализираше преселбата во редовите на Охрид.

Стојановиќ својата тренерска кариера ја почна во Металург, па сега добива шанса да води и друг тим и тоа клуб кој е со амбиции за пласман во плеј-офот и за излез во европските купови.