ОФИЦИЈАЛНО: Иван Димитровски е нов ракометар на Пелистер

Битолски Пелистер денеска го официјализираше трансферот на доскорешниот ракометар на Вардар Јуниор, Иван Димитровски. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија се враќа во неговиот матичен клуб и ќе го засили тимот предводен од Јосиф Петковиќ

На последниот дуел меѓу овие две екипи, кој „зелено-белите“ го добија во Скопје, Димитровски беше најдобриот играч на паркетот. Тој по добрите игри во Вардар Јуниор беше прекомандуван во првиот тим минатата сезона и беше дел на неколку меча од СЕХА лигата.

Левото крило веќе неколку денови тренира со пелистерци, а заедно со него на левата крилна позиција во Пелистер настапуваат црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ и Никола Ивановски.

Следниот натпревар од Суперлигата, по репрезентативната пауза, Пелистер го игра на гостински терен кај Струга.