ОФИЦИЈАЛНО: Лејно ќе го брани голот на Ѓер (ВИДЕО)

Она што подолго време се најавуваше, но беше во рамките на шпекулациите, денеска доби официјализација. Француската репрезентативка од редовите на Вардар, Амандин Лејно потпиша за европскиот првак Ѓер и ќе брани во Унгарија.

300x250

Таа сезонава е една од најдобрите поединци во македонскиот шампион и редовно се наоѓа во изборите на ЕХФ за најдобри одбрани или ѕвезди на колото. Договорот е потпишан на една сезона со можност да биде продолжен за уште една.

„Овој клуб ми значи многу, бидејќи е најдобриот клуб во историјата на ракометот. Секој играч сака да има вакви соиграчи. Ова е голема можност за мене и многу сум среќна што ќе бидам дел од Ѓер.“ – изјави Лејно за клупскиот сајт во скајп конверзацијата.

Во редовите на Ѓер остануваат и норвешката репрезентативка Кaри Гримсбо и унгарската голманка Ева Киш, кој исто така го продолжи договорот.