ОФИЦИЈАЛНО: Кристијан Дисингер две години во Вардар

Она што се најавуваше уште на почетокот на оваа недела, доби и официјална потврда од македонскиот шампион Вардар. Нов играч во „црвено-црниот“ е германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер. 

Како што пренесува официјалниот сајт на Вардар, 26-Годишниот Дисинер (203 см. висок) е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот првиот германски репрезентативец што потпишува за Вардар.

Игра на позицијата лев бек и важи за квалитетен одбранбен играч. Тој ќе пристигне во Скопје од редовите на Кил, а со своето искуство во Бундеслигата Дисингер сигурно ќе донесе нова свежина во играта на Вардар. 

Дисингер беше на радарот на Вардар уште пред три сезони, но повредите го спречија германскиот бек да го реализира тогашниот трансфер. Тогаш се одлучи да ја продолжи кариерата и шансата да ја бара во Шафхаузен, за потоа преку Шпанија да се врати во Бундеслигата и тоа во дресот на големиот Кил.