ОФИЦИЈАЛНО: Еурофарм Работник го промовира Анже Ратајац

Ракометниот клуб Еурофарм Работник го продолжува екипирањето за следната сезона. Клубот од Битола денес го официјализираше трансферот на Анже Ратајац, словенечки среден бек, кој доаѓа од австрискиот ракометен шампионат, од екипата на Ферлах.

Ратајац потпиша двегодишен договор и е прв словенечки ракометар кој доаѓа во Еурофарм Работник. Тој ќе ја засили конкуренцијата на клучното место во организацијата на играта и веќе од следниот месец ќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Стевче Алушовски.

Словенецот е четврто ново има во таборот на вицешампионот по Маџовски, Митревски и Велковски. Подготовките за новата сезона Еурофарм Работник ќе ги започне во третата недела од месец јули.