ОФИЦИЈАЛНО: Вардаровото трио се сели во ЧСМ Букурешт!

Тимот на ЧСМ Букурешт следната сезона ќе биде посилен за три вардарови ракометарки. Најавите од изминатите две седмици, денеска добија своја официјализација. Пикерот Драгана Цвијиќ, крилото Јованка Радичевиќ и бекот Андреа Лекиќ се нови ракометарки на поранешниот европски првак.

300x250

Цвијиќ потпиша на една година, Радичевиќ во романската престолнина ќе остане во следните две сезони, додека Лекиќ се обврза на двегодишна верност. Претходно беше објавено дека Лејно се сели во европскиот првак Ѓер, а се уште останува непознато каде ќе ја продолжат кариерата останатите ракометарки од вардаровиот ростер.

Вардар сезонава игра одлично во Лигата на шампионите и се уште нема пораз по 9 одиграни меча. Од главната рунда остануваат за играње уште 3 дуели, пред четвртфиналето и Ф4 турнирот.