Откако го заземаа првото место: Спонзорите на Флензбург тераат сеир со реклама за Кил (ВИДЕО)

Екипата на Флензбург е лидер во Бундес лигата, а спонзорите на овој тим на интересен начин покажаа дека клубот сезонава игра во одлична форма. Работите се на вистинското ниво, па имаат право да се шегуваат и на своја и на туѓа сметка.

Кил сезонава е на ниво повисоко од лани, но уште е далеку од она што во минатото го прикажуваше, па не може никако да ги стигне актуелните шампиони.

Како тоа изгледа кога во реклама ќе се тера сеир со противникот погледнете во продолжение.