Осум екипи во трка за две места во Лигата на шампионите

Сезонава ракометарките на Вардар нема да бидат дел од Лигата на шампионите и нема да имаат состав како минатата, а на сцената во најсилниот куп има и неколку нови екипи. Како што е практика секоја година прво ќе минат од редот квалификациите, а дури потоа вниманието ќе биде насочено кон средбите по групи.

300x250

Денеска беа извлечени двете квалификациски групи, а во нив ќе има интересни дуели за двете места.

Во групата 1 се најдоа Битигхајм (Германија), Перла Лублин (Полска), Салерно (Италија) и Бера Бера (Шпанија). Натпреварите се играат од 7 до 9 септември, а ќе има полуфинални дуели, па победниците потоа ќе разигруваат за место во ЛШ.

Првото полуфинале е Битигхајм-Бера Бера, а второто Перла Лублин-Салерно.

Групата 2 во полуфиналето ги има овие двобои: Крајова (Романија)-Јагодина (Србија) и Подравка (Хрватска)-Муратпаша Беледијеси (Турција). Победниците ќе се најдат во финалето, а и од оваа група еден тим ќе оди во Лигата на шампионите.