Осумка од Штериова за победа над Униреа

Марија Штериова имаше одличен натпревар против Униреа Слобоција на кој нејзиниот тим Дунареа Браила славеше со 23:21.

300x250

На оваа средба Штериова беше прв стрелец со осум погодоци и одигра голема улога во обезбедувањето на победата на мечот, кој им донесе важни бодови за битката за што е можно подобар пласман.

Со новите поени Дунареа се најде на 7. место, а има вкупно 23 бода.