Остроушко со двојна радост, освои титула и за најкорисен играч на турнирот (ФОТО)

Левиот бек на Селка, Владислав Остроушко на дуелот против Олимпијакос реализираше шест удари и беше еден од подобрите во тимот на освојувачот на турнирот во Битола. Тој покажа многу на ова натпреварување и на крајот сосема заслужено успеа да ја добие и наградата за најдобриот ракометар.

Според она што беше прикажано на теренот беше за очекување дека наградата ќе замине кај некој од играчите на тимот од Турција, а Остроушко беше тој кој редовно задаваше најмногу грижи за голманите на противниците.

Оттаму на крајот од натпреварувањето кое траеше четири дена Селка успеа да ги однесе двете најзначајни призанија.

Најдобар стрелец на турнирот е играчот на Олимпијакос Димитриос Цирас. Тој на средбата против Селка реализираше осумпати, а со вкупно 21 погодок беше убедливо најдобриот стрелец така што ова беше турнир во кој тој најчесто го загрозуваше голот на противниците.

Што се однесува до голманите таму „чуварот на мрежата“ на Шербур, Буша успеа да го добие признанието и да се најде пред колегите.

Инаку, ова беше турнир на кој Селка знаеше како да се израдува на освоениот трофеј и сигурно дека и следната година ќе дојде со задоволство на овој турнир за кој има најава дека ќе прерасне во традиционален и ќе се одржува секоја година на крајот од август и почетокот на септември.