Останува во Турција, но го менува клубот: Душица Ѓорѓиевска потпиша за Беледије

Македонската репрезентативка Душица Ѓорѓиевска и во следната сезона ќе настапува во турскиот шампионат, но не во тимот на Загноспор. Нејзина нова средина ќе биде составот на Полатли Беледијеспор.

30-Годишниот среден бек потекнува од Стружанка, а во својата кариера играше и за Кабран Амбалажа, Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров и Металург, додека во Туција освен за Загнос, играше и за Муратпаша.