Осминафиналниот двобој од Мундијалот на ТВ: Македонија – Португалија директно на Телма!

Осминафиналето од Мундијалот за кадети меѓу Македонија и Португалија директно ќе биде пренесувано на Телевизија Телма.

Ракометната федерација на Македонија упати покана до сите навивачи да се појават на трибините во СЦ “Борис Трајковски” и да им дадат поддршка на избраниците на Данило Брестовац, а за оние што нема да бидат во салата, обезбеден е ТВ пренос.

“Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија”, се вели во поканата од РФМ.

Натпреварот од осминафиналето меѓу Македонија и Португалија е последен од денешната програма на Мундијалот.