Освен на теренот, вардарци се покажаа и во кујната (ФОТО)

Денеска е светскиот ден на тестенините, па дел од ракометарите на Вардар кои се слободни за време на репрезентативната пауза, се приклучија во неговото одбележување. Ако прашате спортист кои се неговите омилени јадење на листата секако ќе се најде и паста. Лесно се приготвува, брзо се вари и пред се’ ослободува енергија што е многу потребна при напорните тренинзи и натпревари што ги имаат.

Вардарци покажаа дека знаат и да подготват паста, и тоа навистина вкусна. За да ги покажат своите кулинарски способности ресторанот во хотел Русија им ја отстапи кујната, а во улога на „шеф” се појавија Калифа Гедбан и Кристијан Дисингер. Двајцата открија дена тестенините се меѓу нивните омилени јадења, и се обидоа и самите да го подготват она што сакаат да го конзумираат. Варење на тестенините, подготовка на преливот, сервирање и најважно од се оценка за подготвеното.