Организаторот ја “почести” Фалангата со турска музика од Македонецот Бертан Аслани (ВИДЕО)

Пред почетокот на секој натпревар на Светското првенство публиката се забавува со песни кои доаѓаат од земјата учесник, а овој пат во Минхен имаше изненадување.

„Фалангата“ беше „почестена“ од страна на организаторот со турска музика. Песната ја исполнува Македонецот Бертан Аслани, па на таков начин беше дадена најава за дуелот против Бахреин кој е од второто коло.

Бертан својата музичка кариера ја почна во Македонија. Од пред две години почна да работи во Турција како музички продуцент, а покрај тоа е и актер во турските серии.

Ракометарите веќе се на терен и ја одработуваат задачата, а во видеото подолу можете да видите како беше за време на загревањето за средбата.