Ончев најдобар стрелец, Вернуј ќе разигрува за пласман во ранг погоре

Младиот македонски интернационалец Тоше Ончев стана лидер на францускиот тим Вернуј и му помогна да обезбеди место во разигрувањето за еден ранг погоре.

Вернуј загуби на последниот натпревар од регуларниот дел на првенството од Амиен со 27-32, но тоа беше неважно, бидејќи уште од претхоно беше обезбедено првото место на табелата.

Ончев како и многупати досега беше најдобар поединец во Вернуј и постигна седум погодоци, а одличен на голот беше поранешниот голман на Пелистер, Крис Нкингуа.

Вернуј со уште седум тима од другите региони ќе разигрува за пласман во еден ранг погоре каде настапуваат Стразбур, Нанси, Шарт, Шербур…