Она што Вардар беше до пред две години сега е Савехоф

Од 2013 до 2018 година Вардар како клуб важеше како единствен кој има претставник и во машката и во женската Лига на шампиони.

Ова траеше додека женската екипа беше постојано дел од групната фаза така што „црвено-црните“ редовно беа присутни на сцената во најсилните купови во двете конкуренции.

Малку недостигаше во 2017 година да биде освоена круна и на двете Ф4 завршници. Тогаш женската екипа загуби во финалето, а машкиот тим дојде до прва круна.

Минатата година Вардар имаше само машки тим во Лигата на шампионите, а така ќе биде и годинава. Затоа, пак, годинава добива наследник.

Во Лигата на шампионите и кај мажите и во жените свој тим ќе има Савехоф. Шампионите на Шведска ќе бидат дел од натпреварувањето, но тешко дека можат да очекуваат да го повторат успехот на Вардар. Оттаму наследувањето е само во однос на учеството. Сигурно нема во однос и на резултатите.