Омејер не само што добро брани, туку и дава голови – постигна хет-трик против Мотор (ВИДЕО)

Голманот на ПСЖ, Тиери Омејер во ноември ќе наполни 42 години, но тоа не му пречи и понатаму да настапува на високо ниво и постојано да биде во врвот на европскиот и светскиот ракомет.

Тој беше еден од најдобрите играчи на ПСЖ во првата победа во сезоната во Лигата на шампионите. Покрај тоа што одлично бранеше тој и одлично реализираше, а имаше постигнато три гола со што беше и еден од најефикасните играчи на ПСЖ.

Омејер одработи одлична средба против Мотор во Запорожје, а имаше ист број на голови како и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски. И двајцата реализираа по трипати, а воедно имаа и стопостотна реализација.

Како изгледаа головите на Омејер можете да видите во видеото подолу.