Од следното лето: Буриќ на голот на Флензбург

Голманот на репрезентацијата на БиХ, Бенјамин Буриќ од следното лето ќе застане на голот на екипата на Флензбург. Неговиот менаџер веќе ги договорил сите детали, па веќе е и среден договорот така што тимот од Бундес лигата добива засилување меѓу стативите.

Во моментов Буриќ брани за Вецлар каде што ја игра втората сезона, но веќе е јасно дека ќе ја смени средината. Инаку, се работи за ракометар роден во Добој, а во кариерата има играно за тимовите на Маглај, Извиѓач, Борац, Горење и Вецлар. Има 27 години.