Од Светско младинско првенство директно во Барселона: Јанис Лене нов ракометар на каталонскиот гигант

Новата политика на раководството на Барселона започна да ги дава првите резултати. Откако каталонците го обезбедија потписот на талентираниот пивот на француската репрезентација Лудовиг Фабрегас од 2018 година, како и на данскиот голман Кевин Молер, најновото име од новиот млад бран ракометари е Јанис Лене.

Како што веќе пишувавме младинскиот репрезентативец на Франција игра на позиција десно крило и со својот пет годишен договор треба да ја претставува иднината на Барселона и да биде замена за искусниот капитен на шпанскиот првак Виктор Томас. Во бранот подмладувања Барселона со пет годишен договор го обврза и Јуре Доленец, а од минатата сезона каталонците ги имаат французите Дика Мен и Тимоти Н’Гесан, како и одличниот централен бек Ласе Андерсен.

21-Годишното десно крило на Селестат моментално се подготвува за Светското младинско првенство во Алжир со репрезентацијата на Франција, која е во групата Б заедно со Катар, Данска, Египет, Словенија и Шведска. Лене ќе биде четвртиот французин во составот на Барселона по Сорендо, Мем и Н’Гесан.