Од ракомет во политика: Улрих Вилбек стана градоначалник на Виборг

Поранeшниот селектор на Данска, Улрих Вилбек стана градоначалник на Виборг. Тој беше избран со мнозинство гласови од граѓаните на овој дански град и ќе биде новиот „градски татко“. Откако 59-годишниот Вилбек замина од функцијата спортски менаџер во Данската ракометна федерација, работеше на својата политичка кампања.

И покрај понудите од неколку европски клубови од врвот, тој сепак се реши да биде само советник во данскиот клуб Тондер и да се посвети и на политичката кариера. Вилбек е најуспешниот дански тренер на сите времиња. Освои олимписко злато со женската репрезентација на ОИ во Атланта, 1996 година и два пати го освои ЕП со машкиот национален тим. На клупски план, има работено само во машкиот и женскиот тим на Виборг.