Од Пролет се сели покрај езерото: Мартин Манасков потпиша за Охрид!

Досегашниот лев бек на составот на Пролет, Мартин Манасков, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата. Тој потпиша договор со Охрид и ќе настапува за тимот што ќе биде предводен од младиот и амбициозен Раде Стојановиќ.

Велешанецот беше дел од Металург 2 и Вардар Јуниор, но својот потенцијал го покажа во составот на Пролет. Манасков би требало да биде еден од главните адути на охриѓани во борбата за место во плеј-офот, а тој е третото засилување за „гладијаторите“.

Досега потпишаа голманот Никола Даниловски, како и кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски, а до крајот на овој месец, тимот ќе ангажира и десен бек од странство.