Од маж стана жена: Репрезентативец на Австралија, ќе се проба како рагбистка! (ФОТО)

Неверојатни вести пристигнуваат од земјата на кенгурите. Доскорешниот ракометен репрезентативец на Австралија, Калум Мунси, не само што го смени спортот, туку го смени и полот. Од маж стана жена, а од ракометар стана рагбистка! Сепак, ќе мора да почека на своето деби во АФЛ шампионатот, бидејќи сè уште не добила дозвола за настап.

ФОТО: Рохан Томсон / Канбера Тајмс

27-годишниот ракометар на Канбера со одлични физички предиспозиции, 190 цм и 100кг, успеа да дојде до репрезентацијата на Австралија за која дебитираше во 2012 година, a настапи и на Светското првенство во Шпанија 2013 година. Откако ја завршил операцијата за промена на полот, Калум станал Хана, а ракометот го заменил со рагби кој во Австралија има статус на професионален спорт, за разлика од ракометот.

Во нејзиниот прв обид да учествува на драфтот за австралиското национално првенство, Хана не добила зелено светло поради нивото на тестостерон кое се уште е над дозволеното ниво, но управниот одбор на лигата ја охрабрил да се обиде повторно на следниот драфт кој е закажан за шест месеци.

ФОТО:Рохан Томсон / Канбера Тајмс и Ким Смит/Дејли Телеграф