Од Карабатиќ до Вулф, од Неагу до Морк: ИХФ ги бира најдобрите ракометари на светот за 2016

Ракометната публика до 9 март ќе има можност заедно со медиумите да гласа за најдобар ракометар и ракометарка на планетата. Интернационалната ракометна федерација традиционално на почетокот на годината ги бира најдобрите во ракометот. ИХФ го објави списокот на играчи за кои медиумите и фановите ќе можат да го дадат својот глас. Меѓу номинираните ракометари за 2016 година има тројца носители на оваа ласкава титула од изминатите три години, додека кај девојките само Кристина Неагу е меѓу оние привилегираните, таа ја освои оваа титула два пати (2015, 2010).

За најдобар ракометар на годината се номинирани францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ, неговиот клупски колега од ПСЖ, данскиот репрезентативец Микел Хансен, како и носителот на играта на хрватската репрезентација Домагој Дувњак. Покрај тројцата ракометари кои барем еднаш ја освоиле оваа престижна титула, номинирани се уште Андрес Вулф, голманот на германската репрезентација кој со својот фантастичен настап на ЕП во Полска ја одведе Германија до златниот медал како и младиот Сандер Сагосен кој со 21 годинa е предводник на репрезентацијата на Норвешка, освојувач на сребрен медал од Светското првенство во Франција и полуфиналист на ЕП во Полска.

 Кога се во прашање најдобрите ракометарки на планетата, ИХФ во краткиот список ги забележа: Романската репрезентативка, носител на играта на ЖРК Будуќност-Кристина Неагу; десниот бек на норвешката репрезентација Нора Морк; нејзината клупска колешка од Ѓер и репрезентацијата, голманката Карим Гримсбо; ракометарката на Ѓер, холандската интернационалка Нике Грот; како и една од најзаслужните за освојување на првата титула во Лигата на шампионките за ЦСМ Букурешт, шведската репрезентативка Изабел Гулден.

Гласањето може да се изврши на следните линкови:

НАЈДОБАР РАКОМЕТАР/КА

НАЈДОБАР ТРЕНЕР