Од европскиот во македонскиот вицепрвак: Ракометар на ПСЖ го засилува Металург!

Македонскиот вицепрвак Металург, кој остана без услугите на Младеновиќ, Печенковски, Марчец, Амин, веќе започна да ги пополнува испразнетите позиции. Дарко Димитриевски е пред промоција, додека формалности го делат и црногорскиот интернационалец Божо Анѓелиќ од потпис.

Трето засилување во ростерот на Червар би требало да биде поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Словенија, Јануш Лапајне. 22-годишниот лев, а по потреба и среден бек, го заврши двегодишниот престој во градот на светлитната и ќе се пресели во Скопје.

Лапајне беше пријавен и за настап во Лигата на шампионте, но не доби шанса од тренерот Нока Сердарушиќ, кој не сметаше на услугите на 2 метри високиот бек, ниту за натпреварите од францускиот шампионат, па Лапајне најчесто беше дел од вториот тим на ПСЖ.

Словенецот кој потекнува од составот на Ајдовшчина, а афирмацијата ја стекна во дресот на Шкофја Лока, своевремено стана познат по тоа што сам се избори за договор со ПСЖ. Тој испрати видео од неговите настапи, нудејќи ги своите услуги во повеќе француски клубови, а одговор доби само од легендарниот Бруно Мартини од ПСЖ.

Одработи неколку тренинзи со францускиот тим и доби договор на две години. Сепак, малата минутажа е причина што Лапајне заминува од ПСЖ и во следната сезона би требало да го гледаме во „сино-белиот“ дрес на Металург.

4 Responses

  1. Се зголемува српската колонија во Автокоманда: Лука Стојановиќ доаѓа во Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] многу скоро да бидат потврдени и трансферите на Словенецот Јануш Лапајне и на Црногорецот Божо […]

  2. Официјално: Божо Анѓелиќ потпиша за Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] покрај Анѓелиќ, на чекор до потпис се уште двајца, Словенецот Јануш Лапајне од францускиот ПСЖ и српскиот ракометар Лука Стојановиќ од чешкиот […]

  3. Анѓелиќ: Две работи беа решавачки за да дојдам во Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] покрај Анѓелиќ, на чекор до потпис се уште двајца, Словенецот Јануш Лапајне од францускиот ПСЖ и српскиот ракометар Лука Стојановиќ од чешкиот […]

  4. Лапајне за 24Ракомет: Се радувам на Скопје и балканската култура – тоа ми недостигаше во ПСЖ | 24 РАКОМЕТ

    […] […]