Од билтенот на РФМ: Работнички ќе мора да плати казна

Ракометната федерација на Македонија ги потврди резултатите од петтото коло во Суперлигата во најновиот билтен, а таму ја потврди и казната за тимот на Работнички.

Дуелот меѓу Работнички и Металург, според планот требаше да се игра во саботата, но поради тоа што немаше медицинско лице во салата ниту по половина час чекање, мечот беше презакажан.

Се одигра во понеделникот, Металург победи убедливо, но домаќинот поради слабата организација ќе мора да и плати на РФМ 15.000 денари.