Одредени саатниците во СЕХА: Вардар против Мешков во централниот термин на Ф4

Ракометарите на Вардар ќе играат во второто полуфинале на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

Организаторот ги потврди официјалните полуфинални двојки и термините во кои ќе се одиграат натпреварите.

Во првиот натпревар со ппчетол во 16:30 часот ќе играат хрватските тимови Нексе и Загреб, додека Мешков и Вардар ќе се соочат во 19:00 часот.

Овие натпревари ќе се играат на 2 април, додека следниот ден на 3 април во салата „Викторија“ во Брест во истите термини ќе се играат натпреварите за трето место и финалето.