Одорхеи пред финансиски колапс, Кузманоски останува без клуб?

Тимот на Одорхеи, каде што настапува македонскиот интернационалец Горан Кузманоски, а претходно дресот на овој романски клуб го носеа и Ојлески, Мајнов, Кукоски, Стоилов, е пред финансиски колапс.

300x250

Спонзорот на овој клуб, 63-годишниот Атила Верестој, почина пред три дена, па Одорхеи ќе остане без главниот финансиер. Од Општината на овој романски град со унгарско население, ракометарите беа информирани дека нема да одвојуваат средства за нив, па слободни се да си бараат нови средини.

Тренер на Одорхеи е поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ, а таму играат и Милош Драгаш, Антонио Ковачевиќ, Максим Салдаценка, Максим Баранов, Ѓорѓе Голубовиќ, Урош Виловски…

Поранешниот македонски репрезентативец Кузманоски, цели 7 сезони настапуваше за Одорхеи и стана икона кај романските навивачи. Плејмејкерот потекнува од ТК Бренд, играше и за Вардар, Металург, Пролет, Мадеира и Трелеборг.

Најдоцна во понеделник ќе се знае судбината на тимот и дали ќе може да ја доврши сезоната, а со тоа и дали Кузманоски ќе остане во Одорхеи или ќе има нов клуб.