Одмаздата се сервира ладна: Приказната се повтори – но овојпат Еурофарм беше среќникот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во рамките од осмото коло на Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Работник во Битола им сервираа слатка одмазда за болниот пораз во Шведска и со 32-31 го совладаа Савехоф.

На овој натпревар, победникот беше решен со самиот звук на сирената, откако погоди Мирко Радовиќ од бековска позиција.

Тренерот Стевче Алушовски за овој дуел по подолг период можеше да смета на кружниот напаѓач Никола Маркоски, а во ростерот се врати и Марин Вегар, кој имаше проблеми со коленото.