Одлуката на Перуничиќ го остави Милосављев во сенка

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Ненад Перуничиќ во пресрет на првиот натпревар кој српската репрезентација го игра денеска против Русија, го избра составот со кој ќе атакува на победа и што подобар пласман на Мундијалот.

Нашиот северен сосед, во Германија пристигна со 17 играчи, а изненадувањето во составот е изоставањето на вардарецот, Дејан Милосављев кој сепак остана во сенка на Владимир Цупара и Светислав Веркиќ.

Натпреварот помеѓу Србија и Русија се игра денес од 18:00 часот во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин. Во оваа група се одигра дуелот меѓу Германија и Кореа, додека денеска останува на програмата уште средбата меѓу Франција и Бразил.