Одлично второ полувреме на кадетите против Унгарците

Репрезентативците на Македонија до 18 години одиграа далеку подобар меч од оној вчера и денеска со одлично второ полувреме покажаа дека ќе бидат на далеку повисоко ниво кога ќе дојдат официјалните средби.

Унгарија денеска победи со 33:30, но Македонија беше подобрата репрезентација во второто полувреме. Домашните наметнаа силно темпо уште од стартот. Брзо поведоа со 3:0, но Македонија се врати и имаше и водство од 6:5 во 13. минута. Сепак, неколку грешки во продолжението придонесоа селекцијата на Унгарија да замине на одмор со предност од 19:13.

Потоа во вториот дел ја зголемија разликата на осум гола и стигнаа до 29:21 на средината од второто полувреме. Тука Македонија почна со далеку подобра игра и почна да ја намалува негативата. Водството на Унгарците почна да се намалува, а Македонија стигна до 32:30, но немаше време за нешто повеќе.

Ова беше, сепак, вовед за дуелите на турнирот во Романија каде се очекува во комплетен состав да се покаже далеку подобра игра.

УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА       33:30 (19:13)

УНГАРИЈА: Мерковски 1, Ѓори, Тот 1, Хoлдоси 5, Чако 2, Конеги 5, Богнар 2, Гал 1, Шаш 1, Шухарев 2, Муштач, Дели 3, Калил 5, Вајда , Балинт 5.

Седмерци: 2/2, Исклучувања:  10 мин.

МАКЕДОНИЈА: Солев, Петковски, Василевски, Крстаноски, Гучевски 2, Џигероски 3, Кондев 2, Ќосески 4, Божиновски , Митиќ 3, Ангелковски, Каковски, Симоновски , Ристовски 9, Серафимов, Карапалевски 3, Костески 2, Ѓорѓиев 2.

Седмерци: 10/11, Исклучувања: 14 мин.