Одличниот Пешевски и Штутгарт само до бод против Лемго

Тимот на Штутгарт ремизираше со Лемго, 26-26, иако во првиот дел имаше предност и од пет голови разлика.

Македонскиот интернационалец Жарко Пешевски погоди три пати од четири обиди, но тоа не беше доволно за Штутгарт да победи.

Балинген, со Филип Талески кој не погоди ниту еднаш од два обиди, загуби на гостински терен кај Лајпциг со 27-26.