Одличниот Ангеловски му донесе победа на Белфор

Македонскиот интернационалец Александар Ангеловски беше најдобар поединец во неговиот тим Белфор на натпреварот против Мартиг. Белфор го доби овој дуел со 33:27, во 11 коло од разигрувањето во плеј-аут во француската трета лига.

Ангеловски постигна вкупно 10 голови од 15 обиди и беше прв стрелец воопшто на натпреварот. Со оваа победа Белфор е на 3 позиција зад Монтелимар и Епинал, а во следното коло ќе игра против првопласираниот тим.

Фото: Pierre Delunsch