Одлична форма пред ЕП: Георгиевски го водеше ЧСМ Букурешт до четвртфинале во романскиот Куп

Во Романија се одиграа осминафиналните натпревари од Купот. Три од четирите екипи каде настапуваат македонски интернационалци се пласираа во четвртфиналето, кое ќе се игра напролет.

300x250

ЧСМ Букурешт го совлада Одорхеи со убедливи 35:28. Десното крило Гоце Георгиевски постигна 9 голови и беше најдобар на теренот, додека Горан Кузмановски го немаше во листата на стрелци за поразениот тим.

Темишвар каде настапува Златко Даскаловски славеше на домашен терен против Сучеава со убедливи 39:30, додека Констанца на Никола Митревски и Велко Маркоски немаше проблеми со Јаши и победи со 34:17.