Новиот Металург ќе се пробува во Русија

Тимот на Металург покрај дуелот од Суперкупот против Вардар кон крајот на август, ќе има уште најмалку две силни проверки пред стартот на новата сезона.

Рускиот „Брз Центар“ објави дека Металург во средината на август, ќе биде дел од силниот турнир во Чехов. Освен домаќинот Чеховски Медведи и македонскиот тим, ќе настапат силниот белоруски првак Брест Мешков и романската Стеауа.

Се уште не е познат системот на натпреварување, но тимот од Автокоманда ќе има квалитетни контролни натпревари. До август составот на третопласираната екипа во македонското првенство треба да го добие конечниот и посакуваниот облик, а целта ќе биде враќање на стариот сјај на некогаш моќниот шампион Металург.