Одлична партија на пикерот: Маркоски му донесе победа на Орошази

Пикерот на македонската репрезентација Никола Маркоски, беше еден од творците на победата на неговиот тим Орошази над Балмазујварош со 30:28, во рамките на натпреварот од 26 коло во унгарскиот шампионат.

Маркоски постигна 6 голови на овој дуел, но најважен беше последниот за 30:28 со кој ја запечати победата на Орошази. Овој тим следната сезона нема да игра во европските купови, но има зголемени амбиции, а Маркоси го продолжи договорот на уште една сезона.

Фото: oroscafe.hu