Одличен настап на Митова, Сондерјиск останува при врвот

Македонската интернационалка во Данска, Сара Митова, продолжува со одличните настапи во дресот на Сондерјиск. Иако нејзиниот тим загуби на гостувањето кај Скандерборг со 25:23, во 20 коло од Првата Дивизија, сепак останува во конкуренција за пласман еден ранг погоре.

Митова настапи во вториот дел и постигна 3 погодоци од 3 обиди. Сондерјиск е на 3 позиција на табелата со 32 бодови, исто колку Скандерборг, а следен предизвик ќе биде домашниот натпревар против Гудме.