Одиграа 13 средби, продефилираа 115 играчи, добра најава за новиот СЕХА македонски двобој

На досегашните 13 дуели во СЕХА меѓу Вардар и Металург осум ракометари го носеле дресот на двете страни. Од нив четворица се македонски поранешни или актуелни репрезентативци, а другите четворица интернационалци. Од сите само Вуко Борозан е уште дел од некој од двата тима.

300x250

Досега дресот на Вардар и на Металург во СЕХА-пресметките го облекле Петар Ангелов, Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Милорад Кукоски, Тихомир Додер, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ и Вуко Борозан.

Интересен податок е врзан и за бројот на играчи кои биле користени на досегашните натпревари меѓу Вардар и Металург. Кај вардарци се појавиле вкупно 53 различни играчи, додека во Металург на овие 13 средби биле користени дури 70.

Кога ќе се сумира сè тогаш се доаѓа до бројка дека 115 играчи биле дел од досегашните 13 средби, а тоа дава просек од девет нови ракометари по натпревар.