Одбрана на денот: Истрча како Јусеин Болт и скина зицер пред гол линијата (ВИДЕО)

Светското првенство зема сè поголем замав и од натпревар во натпревар може да се видат интересни потези. Барем на секој меч има по еден, а таков потег доаѓа и од дуелот меѓу Катар и Египет.

Иако Катарците победија со 28:23, сепак, потегот на мечот го има голманот на Египет, кој беше еден кои се споменуваат за трансферот во Вардар, Карим Хендави. Во моменти кога Египет играше без голман, а беше загубено топка во нападот тој успеа да претрча од клупата на резерви до голот во еден здив. Беше доволно брз за да успее да го затвори аголот и да одбрани зицер ситуација на левото крило на Катар.

Дефинитивно потег за воодушевување и секако една од најатрактивните одбрани на Светското првенство досега.